Филипче не води Министерство за здравство во ек на епидемија, туку партиска политика, обвинува ВМРО ДПМНЕ, која реагира на одржаната трибина на министерот со млади лекари вчера во Охрид.
Најстрашно од сè е што при тоа ги инволвира и злоупотребува младите доктори. На наводна „трибина“ посветена на струката, отспротива им го седнал потпретседателот на Изборниот штаб на СДСМ. Тешко ќе оди манипулирањето со оваа категорија млади луѓе. Тие препознаваат на каква „трибина“ се викнати додека го гледаат директорот на ДЈП „Колектор“ седнат до нив. А и со КОВИД-19 точно знаат како стоиме. Знаат и колкави се бројките, и какви се алгоритмите за тестирање, и колку ги чекаат резултатите од тестовите, и какви се условите на Инфективните одделенија надвор од Скопје, и како се следат контактите, и колку ги знаеме и контролираме кластерите. Сè ним им е јасно, доктори се. – стои во партиската реакција.
OhridNews