ВМРО-ДПМНЕ ги одложи јавните настани поврзани со локалните избори денеска, утре и задутре (четврток, петок и сабота), по одлуката на Владата за тридневна жалост по синоќешниот пожар во модуларната ковид болница во Тетово во која загинаа 14 лица.
Од партијата велат дека со јавните активности ќе продолжат во недела.
Кандидатот за градоначалник и актуелен пратеник Кирил Пецаков, изрази жалење за катастрофата во Тетово и изгубените животи.
Жалам за жртвите во пожарот во модуларната болница во Тетово. Одговорност мора да има! – напиша Пецаков на социјалните мрежи.
OhridNews