Општинската организација на ВМРО ДПМНЕ – Охрид, ги отфрла обвинувањата на локалната самоуправа дека влијае на изборот на директор на фестивалот „Охридско лето“

– Прозирна е клеветата дека ОК на ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучувало кој ќе биде новиот директор на Охридско лето исто како и клеветата дека претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид некогаш изјавил такво нешто.  Директорот на Охридско Лето како и секогаш досега  ќе го именува Министерот за Култура на Република Македонија врз основа на утврдените критериуми во распишаниот Конкурс за избор на Директор. Се е друго шпекулација и лични интереси кои ги игнорираме. – се наведува во соопштението на ОК ВМРО ДПМНЕ – Охрид.

Како што веќе објавивме, Министерството за култура вчера го распиша конкурсот за избор на директор на фестивалот „Охридско лето“. Интерес за функцијата пројавија повеќе кандидати, кои се очекува деновиве до Министерството за култура да ја достават својата програма.

OhridNews