ВМРО ДПМНЕ обвини за непромислено, брзоплето и спротивно на препораките од Светската здравствена организација (СЗО), дезинфицирање на охридските улици еден ден откако градот го напуштија илјадниците посетители во викендот во кој имаше полициски час и карантин.
Брзајќи да остават впечаток дека „нешто се прави” и дека „сѐ е под контрола”, веројатно не им падна на памет да прочитаат или барем да консултираат некого кој знае да прочита што советува СЗО на оваа тема. Веројатно заборавија дека живееме покрај едно од најстарите, најчистите, најдлабоките и најубавите езера во светот.
Имено на 16.5.2020 година СЗО на својата официјална страна ќе напише: „На отворен простор прскање од голем обсег или во вид на пареа во области како што се улици или отворени маркет простори за КОВИД-19 вирусот или други патогени не се препорачува“. – се вели во соопштениетo од ВМРО ДПМНЕ.
Од таму додаваат дека некој треба да понесе одговорност бидејќи е загрозене се здравјето на граѓаните и водите на Охридското езеро.
OhridNews