Денес се собираат граѓански потписи за кандидатурата на професорката Гордана Силјаноска Давкова за претседател на Република Македонија, соопшти ВМРО ПДМНЕ.
Кандидатурата на професорката Силјановска Давкова покрај со потписите и поддршката од 30 пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе биде поткрепена и со над 10.000 граѓански потписи. Профероската Силјаноска Давкова целата своја научна кариера ја има посветено на промоција и одбрана на демократијата како начин на уредување, и централната улога на граѓаните во неа, затоа и покрај тоа што таа има поддршка од 30 пратеници, поддршката од граѓаните е најзначајна, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Партијата очекува дека потписите од граѓаните ќе бидат собрани за еден ден.
OhridNews