Во организација на владејачката ВМРО- ДПМНЕ, вечерва со почеток во 20 часот, пред Собранието на Република Македонија во Скопје, ќе се одржи голем народен митинг за поддршка на стабилна и силна Македонија.

Организаторот најави дека овој митинг ќе биде мирен, достоинствен.

-Граѓаните на Македонија ќе излезат на улиците на Скопје за да покажат дека се борат за почитување на правото на глас, за почитување на изборната волја, за отварање на нови работни места, граѓаните на Македонија ќе покажат дека се борат за новите фабрики и автопати. Граѓаните на Македонија ќе излезат за да дадат поддршка на безбедносните сили, за зачувување на државните приоритети и интереси. Граѓаните на Македонија ќе се борат за земјоделците, младите, пензионерите, работниците и сите други, велат од ВМРО ДПМНЕ. 

Од владејачката партија велат дека како и секогаш ќе се борат за стабилна, силна и економски развиена Македонија и нема да дозволат заради ниту еден личен или партиски интерес државата да биде втурната во правец кој ќе е на штета на граѓаните.

Инаку, вчера во Скопје се одржа голем граќански собир кој беше поддржан од опозицијата, која синоќа подигна камп пред владата, кој според најавите, ќе стои тука се додека владата не поднесе оставка.

Состојбата во Македонија будно ја следи меѓународната заедница, како и бројни медиумски екипи.

OhridNews