Политичката војна помеѓу ВМРО ДПМНЕ и локалната администрација предводена од СДСМ продолжува со несмален интензитет. ВМРО ДПМНЕ денеска со ново соопштение ги повтори обвинувањата кон општинската администрација и градоначалникот дека освен што вината ја бараат кај централната власт, ништо не прават во областа на културата.

-Затоа така, “испаничени”, признаваме дека што се однесува до културата во Охрид, локалната власт навистина не може во никој случај да е виновна. Тоа е поради фактот што локалната власт во Охрид и воопшто нема културни настани во своја организација. Тоа е затоа што го имаат како нивниот културен советник и врвниот испаничен човек на СДСМ во Охрид, моментално раководител на штабот на СДСМ сместен во локалната самоуправа Охрид. За нивна жал, а за среќа на целиот наш град, културните настани што се случуваат преку целата година во Охрид се дело на Владата и Министерството за култура на Република Македонија. Заслепените и манипулаторите од СДСМ не сакаат да ги видат инвестициите во културата, а и не ги ни разбираат. – се вели во партиската реакција

Вината за ваквата ситауација ВМРО ДПМНЕ ја лоцира кај градоначалникот на Охрид кого го прашува дали е нервозен  затоа што можеби панично му се натрупуваат долгови и кривични пријави и дали ги расипал односите со урбанистичката тајфа и неговата СДСМ, како и дали имал намера да го замени градоначалничкото место со пратеничко?

OhridNews