Во текот денешниот ден пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За Подобра Македонија“, ќе поднесат во парламентот барање веднаш Претседателот на владата Зоран Заев да си поднесе неотповиклива оставка, формирање на техничка влада, најави лидерот на најголемата опозициска партија.
Истовремено ќе биде поднесена иницијатива за распуштање на парламентот и организирање на предвремени парламентарни избори, заедно со претседателските избори, на исти трошок за сите оние тези кои што ги имаше Зоран Заев и јуришниците околу него да бидат изведени на површина и да ја видиме вистинската нечестита намера на Зоран Заев и СДСМ.
Бидејќи во минатото не обвинуваа дека наводно сме барале избори, а сме молеле Бога да не ги добиеме изборите, еве сега ќе има можност тој, СДСМ, но и владеачката коалиција, владиното мнозинство да одлучат и да прифатат или да го одбијат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на следните неколку дена, па граѓаните на Република Македонија да видат кој е за, а кој е против предвремени парламентарни избори ,кој бара, а кој моли Бога истите да не ги добие. – рече претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.