– О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Охрид е најсериозно загрижена за врвот на урбанистичката деградација на Охрид достигнат со вцртување на високи градби во самиот центар на градот. Во таа насока, во текот на денот Координаторот на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, ќе разговара со сите советници во Советот на Општина Охрид поединечно, за да се застане заедно и единствени во одбрана на Охрид.-велат од ВМРО ДПМНЕ.
Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, во изјава за OhridNews, вчера, истакна дека локалната самоуправа при донесување на планот ќе се води исклучиво според насоките и мислењата на Заводот и Музеј и на Управата за заштита на културното наследство и дека ќе го земе предвид и размислењето на граѓаните во фазата на јавна расправа. Тој појасни дека планот не е донесен, туку дека е во процедура, што подразбира дека истиот може да претрпи разни измени, а мислење по него дава и ресорното министерство.