Владејачката ВМРО ДПМНЕ деновиве објави јавен повик за кандидирање на кандидати за претседатели на општинските комитети на партијата за повеќе градови меѓу кои и Охрид.

Во Охрид ВМРО ДПМНЕ бара замена за д-р Владо Стефаноски кој на последните парламентарни избори стана пратеник.

Краен рок за пријавување на потенцијалните претсeдатели на општинските комитети е 10 септември 2008 година.

Ohridnews