Поради неспособноста на Венко Филипче Македонија секој ден има огромен број на новозаболени лица од КОВИД-19, над 3.400 граѓани починаа десега, пациенти заминуваат од ординации со недостиг на органи, а вакцини нема ни за лек, обвинува опозициската ВМРО ДПМНЕ.
Неспособноста на Филипче да набави вакцини резултира со тоа Македонија да е на дното на светската листа по вакцинирани лица. Според податоците на „Блумберг“, Македонија е на 118 место од 122 држави.
Македонија е на дното!
Но ова како да не е доволно, излезе уште еден скандал во низата, каде што министерот за здравство и доктор по вокација го има по видеа каде се наоѓа во операциска сала, без притоа никаква заштита на него, без никаква лична заштитна опрема прекршувајќи ги сите основни протоколи. – се вели во соопштението.
Партијата бара тој итно да поднесе оставка за да не му наштети повеќе на здравбствениот систерм во земјата кој, според ВМРО ДПМНЕ, е девастиран.
OhridNews