ВМРО – ДПМНЕ бара оставка од охридскиот градоначалник Александар Петрески и распуштање на Советот на општина Охрид поради одлуката да се легализараат дивоградбите за чие уривање беше донесено решение во септември 2006 година, изјави вчера портпаролот на партијата Александар Бичиклиски.
Одлуката на Петрески да се легализираат дивоградбите претставува поддржување на урбаната мафија во овој град. Поради тоа од него бараме неотповиклива оставка. ВМРО-ДПМНЕ бара и самораспуштање на Советот и распишување вонредни избори за локалната самоуправа, рече Бичиклиски.
Тој побара надлежните институции согласно нивните ингеренции да поведат постапка и да го решат овој случај, МВР веднаш да почне истрага, а Министерството за транспорт и врски да и ги одземе ингеренциите на локалната самоуправа и градоначалникот поврзани со урбанизмот и просторното планирање.