Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за дневникот на Сител телевизија изјави дека државата треба веднаш да покрие 50% од трошоците за секој еден вработен, како плати така и придонеси, но и замрзнување на ратите кон банките и заемодавателите, за да може да се спасат бизнисите но и да се задржат вработените во Македонија.

Зборуваме и за плати и за придонеси, да почувствуваат сопствениците на бизниси дека некој застанал рамо до рамо со нив, затоа што тој како сопственик на бизнис наместо да стави клуч на врата и да го испушти вработените, претпоставувам има некакви залихи, и ќе живеат пристојно.Но што со вработените, ќе помине пандемијата, и тие ќе ја напуштат државата и многу тешко ние ќе можеме бизнисот да го рестартираме. Затоа тој мора како човек кој е сопственик на бизнис да почувствува дека државата размислува заедно со него и е подготвена да сноси 50% од ризикот. – потенцираше Мицкоски.

Тој додаде дека многу е важно да се преземат сите мерки, да се замрзнат плаќањата на рати кон банките и заемодавателите бидејќи тоа е добро и за банките, ќе немаат резервации.

Не репрограмирање туку замрзнување затоа што дека ќе репрограмирате рата од 100 евра па ќе плаќам 50 евра кога имам приход нула. Потребна е веднаш робусна акција. Веднаш да се санираат штетите во буџетот кои што ќе настанат поради намалениот приход од ДДВ бидејќи потрошувачката е намалена, граѓаните нема да трошат уште долго време и мора таа дупка некако да ја надоместиме. – потенцираше Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека добро е што власта ја прифатила мерката на партијата за да се одложи аконтацијата за данокот на профит за април, мај и јуни, но потребно е да се прифатат сите мерки за да се спасат бизнисите, вработените но и државниот буџет.

Во таа насока тој посочи дека понудиле да се направи тим во кој што ги предложиле техничкиот заменик министер Гордана Димитриеска Кочоска и професорот, член на Извршниот Комитет, професорот Трајко Славевски да бидат дел од тој тим кој што оперативно ќе го спроведе задолжувањето и ќе врши надзор, како се трошат тие пари и дали стигаат до бизнисот.

Арсовски: Филипче прави скандалозна набавка на респиратори од Бразил

Венко Филипче е денеска фатен во лага за набавката на респиратори кои што во моментов се најнеопходни во оваа криза и зараза на вирусот Ковид 19, обвнини портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Димче Арсовски.

Денеска на прес конференцијата од министерот слушнавме дека се договара набавка на новите неопходни респиратори од Бразил и дека само тоа Бразил го единствено го може. Вчера пак, сведоци бевме дека самиот Филипче информираше дека одлуката од каде ќе се набават новите респиратори се уште не е донесена. Ниту само Бразил тоа го може, ниту пак донесена не е одлука. Не е точно дека Бразил е единствениот понудувач. Еве ги понудите на екранот позади мене и тие се вкупно 4. Денес сосема спротивно од вчера Филипче соопшти дека Бразил е фаворизиран и пред да биде донесена одлуката тој преговара со понудувачот кој објавуваме дека има неколку илјади долари повисока цена, единечна цена за респиратори. – рече Арсовски.

Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ тврди дека од останатите тојца понудувачи, двајца имаат пониски цени од понудувачот од Бразил.

Значи тој ја фаворизира бразилската понуда од 24 800 долари, а отфрла понуди од 7 илјади долари пониски или пак неколку илјади долари пониски. Не е точно дека е само една понуда. Еве го доказот. Вкупно 4 понуди за набавка на неопходните респиратори. – рече Арсовски.

Според Арсовски изборот на понудувач е извршен пред време, и постои сомнеж за профитерство во јавната набавка на респиратори во екот на кризата со коронавирусот, зашто партијата дополнително ќе информира во наредниот период.

OhridNews