Аман Филипче не менаџирај кога ти го водиш здравството има по неколку десетици мртви на ден. Вака опозициската ВМРО ДПМНЕ реагира на денешната прес конференција на министерот за здравство, кој повтори оти не бега од одговорност, нема обид за дефокус, но здравствениот систем е комплексен и мора да се менаџира.

Аман Филипче не менаџирај повеќе кога резултатот е 14 мртви од пожар. Немој да менаџираш и да работиш кога објектите за кои распишуваш тендер горат за 3 минути со живи луѓе внатре. Филипче немој не се мачи да менаџираш кога ниту противпожарни апарати не си стигнал да поставиш во модуларната болница во Тетово. – истакнаа од ВМРО ДПМНЕ.

Претходно на пресконференција Владо Мисајловски од ВМРО ДПМНЕ истакна дека одбивањето на оставки во владата после еден таков трагичен настан како во Тетово, значи дека актуелната влада нема морал и не чувствува одговорност.

ВМРО-ДПМНЕ не бара одговорност од владата поради политичка малициозност или затоа што има лични мотиви против Заев или Венко Филипче туку поради тоа што се неспособни, но и поради објективна истрага која мора да ја има. Тоа што премиерот Заев го штити министерот Филипче значи дека и Заев треба да си поднесе оставка поради негово активно учество во несмасниот обид да се одговорат прашањата кои ја мачат целата јавност. – рече Мисајловски.

OhridNews