Охрид нема стратегија за развој на туризмот, оцени ОК ВМРО ДПМНЕ на денеска одржаната прес конференција.
„Големите очекувања кои се полагаа во Секторот за локален економски развој и туризам од администрација на градоначалникот Петрески се покажаа како уште едно целосно промашување. Не само што ЛЕР не изврши некоја сериозна работа во функција на развојот на градот, туку цело време беше извор на медиумски скандали, почнувајќи од превработеноста, преселбите и ѓоа-проблемите со немање на простор, матноста на активностите, па се до најновите обвинувања за конфликт на интереси во делот на јавните набавки, на кои не добивме вистински одговори“, се вели во соопштението на ОК ВМРО ДПМНЕ, потпишан од партискиот портпарол Наташа Спасоска.
Секако за Градоначалникот и неговата администација беше неспоредливо потешко да се зафатат со обмислен и организиран пристап кон ова важно прашање и така да се дојде до вистинска стратегија за развој на туризмот во Охрид, вели Спасоска. Наместо тоа се изјанде квази решение па се основа едно крајно неугледно таканаречено туристичко биро, како дополнителен срам на ѓоа-автобуската станица, со што се создадоа можности таму да се додаваат нови и нови партиски ѓоа-вработени кон администрација во општината и нејзините јавни служби кои и без тоа се превработени, додаде Спасоска .
Таа го запраша Петрески дали така се се развива локалната економија, туризмот и дали е тоа стратегија на општината и дали можеби утре, на презентацијата на фамозниот проект “Духот на Охрид“, најпосле ќе бидат прикажани и некои вистински резултати од повеќегодишната работа на ЛЕР и граѓаните конечно ќе добијат одговори на овие прашања.
Ohridnews