„На глава да застанат од СДСМ- Охрид, вистината е една, ВМРО-ДПМНЕ –Охрид , успеа и ќе изгради модерен зелен пазар она што по долги години власт во градов не успеа да го направи СДСМ.“. Ова меѓу другот стои во реакцијата на ОК ВМРО ДПМНЕ на соопштението на СДСМ – Охрид, во кое се критикува актуелната локална самоуправа дека не ги има реализирано ветените проекти пред граѓаните.
-Власта на ВМРО- ДПМНЕ реализира и ќе продолжи да ги реализира проектите што им ги вети на охриѓани за разлика од СДСМ која само уништуваше и неоправдано долги години го презадолжуваше Охрид. – се вели во соопштениоето на ВМРО ДПМНЕ.
Партијата смета дека денешното соопштение на охридските социјалдемократи е уште една потврда дека тие никогаш не мислеле и нема да мислат ништо добро за Охрид.
-СДСМ- Охрид денес по којзнае кој пат јавно призна дека не се радува на добрите проекти и следствено на тоа им мисли само зло на Охрид и охриѓани, она што впрочем во континуитет го правеше за осум години владеење во градов. Вчерашното срамно напуштање на седницата на градскиот Совет од страна на опозиционите советници предводени од СДСМ- Охрид , е доволен доказ дека тие, или не можат да ја поднесат успешната работа на ВМРО- ДПМНЕ- Охрид, или не можат да се помират со фактот дека добри работи им се случуваат на Охрид и охриѓани, или пак тие не можат да прифатат дека пазарџиите и вработените во пазарот ќе работат во подобри услови за работа а охриѓани ќе пазарат во модерен пазар. За волја на вистината и жал на Социјалдемократите , ВМРО-ДПОМНЕ се што вети во изборната програма ќе реализира иако при тоа се соочува со тешки финансиски услови резултат на пустошот и огромните долгови што во градов ги остави власта на СДСМ. – стои понатаму во соопштението.
ВМРО ДПМНЕ смета дека СДСМ- Охрид троши време на негативна кампања и го запрашува политичкиот ривал кој е нивниот модерен пазар во Охрид или кои се нивните капитални проекти кои по осум години власт ги оставија во Охрид?
OhridNews