По повод Светскиот ден на водите 22-ри Март, граѓанската иницијатива „Охрид СОС“, денеска реализираше еколошка акција за чистење од комунален отпад на Студенчишкото блато. Акцијата која се спроведе под мотото „За чисто блато, ето зато!“, е дел од онлајн кампањата за спас на Студенчишкото блато, која за кус временски период доби над 1000 приврзаници. 

Во денешната акција учество зедоа вљубеници во природата, граѓани, но и познати лица од јавниот живот на Охрид.

Од групата „Охрид СОС“ најавуваат во иднина и други активности, кои имаат за цел подигнување на јавната свест кај граѓаните за зачувување на еко системот на Охридското Езеро.

OhridNews

Отворена: Елегија за блатоно