Одличните постигнувања, добрата игра, како и професионализмот со кој се краси екипата на Ренова не останаа не забележани од страна на селекторите, па така клубот во онаа поширока лепеза на репрезентативци редовно има свој преставник. На поширокиот список кај претходниот селектор на подготовките за мечот во Холандија беше вклучен играчот за врска Вулент Емини, додека во новиот состав беше вклучен одбранбениот фудбалер Агрон Мемеди. Нивниот повик во репрезентацијата сигруно е плод на успешната работа и соработка на релацијата играч – тренер. 

– Нашата тренерска работа е да исфрлиме такви фудбалери кои ќе бидат пример и ќе се наметанат со својата игра и својот професионализам. До коклу и остантие клубови исфрлаат такви фудбалери со чест ќе бидат прифатени во репрезентацијата од страна на селекторот и стручниот штаб. Селекторот Јонуз доста полага на домашните фудбалери , видовте дека имавме многу дебитанти кои се покажаа во одлично светло, со што се потврдија нашите очекување и ни дава поголем елан во иднина да направиме една пракса во која ќе ги стимулираме како домашните играчи така и домашните клубови да инвестираат во сопствениот кадар – истакна Влатко Костов тренерот на Ренова и првиот помошник на Јонуз во стручниот штаб на А селекцијата .

 

Од непроценлива важност за еден клуб е во својот состав да има репрезентативци.  Покрај клубската реклама, многу битно во ваквите мали држави како нашата е тоа што странските екипи прво што прашуваат за фудбалерот е тоа дали тој настапува за репрезентацијата.

Фудбалерите доколку успеат со својата игра и однос да се наметанат во националниот тим тогаш многу полесно би дошле до трансфер во странство, а тоа пак би знаечло голем бенефит како за репрезентација, така за клубот но и за играчот. Тие би доаѓале од професионални средини, со нивната игра би се подгинало нивото на играта на репрезентацијата, а што е најаважно клубовите финасиски добро ќе поминат. Парите од трансферите на тие играчи би ја олесниле финасиската конструкција на тимот, а таквата пракса во секој случај би била еден од изворите за финансирање на клубот– смета Костов.

М.П.