Министерот за здравство Венко Филипче, претпладнево на прес конференција информираше дека здравствената состојба кај тројца од деветте пациенти со корона вирус бележи благо влошување. Истите се на возраст над 60 години, а тие се ‘ уште самостојно дишат, истакна Филипче.
Во насока на спречување на ширење на заразата од вирусот Ковид 19, која СЗО синоќа ја прогаси за светска пандемија, министерот Филипче објави нов сет заштитни мерки. Покрај забраната за сите јавни и приватни собири, кино проекции, театри, спортски натпревари, се редуцира и работата на кафетериите, рестораните и останатите угостителски објекти. Истите ќе работат само денски до 18 часот, со редуциран број на маси во внатрешноста. Мерката важи и за обложувалниците и казината, потенцираше Филипче.
Министерот за здравство објави дека со одлука на Владата за нов директор на Клиниката за кожни болести е именувана Сузана Николовска.
[�Во живо] Прес-конференција на министерот за здравство, Венко Филипче
Прес-конференција во живо.
Geplaatst door Венко Филипче op Donderdag 12 maart 2020
Г.М.