Пред Врховниот суд во Канада стигнал бизарен случај на човек кој тврди дека ја изгубил желбата за секс од моментот кога во купеното шише вода здогледал мртва мува.

Вадах Мустафа го тужел производителот на флашираната вода кој во 2001 година на домашна адреса му испорачал шише вода во кое тој и неговата сопруга здогледале мртва мува. Тие не го отвориле шишето, а Мустафа во тужбата тврди дека од тогаш е во длабока депресија и дека страда од анксиозност и фобии.
Првостепениот суд во 2005 година оценил дека реакцијата на Мустафа на мртвата мува е „објективно бизарна“, но сепак пресудил во негова корист и на производителот на флашираната вода му наредил да му исплати отштета од 340 000 канадски долари бидејќи не ја „осигурал чистотата на водата“.

Една година подоцна, апелациониот суд ја поништил пресудата на основниот суд, а случајот сега се наоѓа пред Врховниот суд. 

ohridnews