Влезниците и за претстојниот дерби натпревар од ракометната супер лига во спортската сала „Билјанини извори“, помеѓу Охрид и водечкиот Зомимак, ќе чинат 30 денари, информираат од клубот.
По оваа цена се продаваат влезниците за сите натпревари оваа сезона, со што клубот им излегува во пресрет на љубителите на ракометот, чија поддршка на натпреварот со Зомимак е од големо значење за домашниот тим.
Дерби средбата на 12-то коло од Супер лигата се игра во сабота, 6ти декември со почеток во 18.30 часот.
OhridNews