Влезниците за концертот со кој ќе диригира големиот филмски композитор Енио Мориконе на отворањето на 49-то „Охридско лето“ се пуштени во продажба. Тие како што веќе објавивме ќе се продаваат по цена од 30, 40 и 50 евра, односно 1850, 2500 и 3100 денари.
Влезниците охриѓани ќе можат да ги купат во Дирекцијата на фестивалот, а тие ќе се продаваат и на повеќе продажни места во Скопје. Околу половина од влезниците со најдобрите места на Античкиот театар веќе се резервирани, а со оглед на интересот за концертот на Мориконе се очекува и преостанатите дел од нив брзо да биде распродаден.