Влезниците за концертот на големиот филсмски композитор, Енио Мориконе, што ќе се одржи на 12 јули во рамки на свеченото отварање на 49-то „Охридско лето“ ќе се продаваат по цена од 30, 40 и 50 евра, информираат од дирекцијата на фестивалот.

Половина од влезниците веќе се резервирани, а се очекува останатите да бидат продадени уште во претпродажба, бидејќи интересот за настапот на Мориконе е исклучително голем, изјави за Ohridnews“, директорот на фестивалот, Тони Симоноски.

Спектаклот на отварањето на Охридско лето е наречен „Беше еднаш во Македонија“, како симболика на прекрасната музика што оскаровецот Мориконе ја компонираше за култниот вестерн „Беше еднаш на дивиот запад“. Италијанскиот композитор во Охрид ќе пристигне на 10 јули заради подготовки на спектаклот кој два дена подоцна ќе се одржи на Античкиот тетар.

Енио Мориконе е еден од најпознатите композитори на филмска музика. Неговиот потпис го има на музиката на  околу 400 филмови. Соработувал со врвни режисери како Серџо Леоне, Роман Полански, Мартин Сросезе, Бернардо Бертолучи, Оливер Стоун и други. Добитник е на оскар за животно дело, а ја има освоено и статуетката Златен лав за музика на фестивалот во Кан.

Ohridnews