Обожавателите на Џастин Бибер повторно ја докажале својата хистерична љубов кон младиот канадски пејач. Имено, сите влезници за неговите два концерти во Њујорк биле распродадени за само 30 секунди.

Скутер Браун, менаџерот на популарниот пејач, изразил запрепастување на Твитер со зборовите „Штотуку дознав дека Џастин за еден час ја распродаде цела северноамериканска турнеја, а два концерти во Медисон Сквер Гарден за 30 секунди“. Салата Медисон Сквер Гарден може да прими до 20 илјади посетители.