Влезниците за пријателскиот натпревар помеѓу Македонија и Шпанија кој ќе се одигра во Скопје на 12.Август со поч. во 22ч. ќе можат да купат на билетарниците на Националната Арена Филип Втори и тоа од петок (31.Јули).

Како што пренесува официјалната веб страна на ФФМ, влезници ќе се продаваат и во Битола, Прилеп, Струмица, Штип, Кочани, Кавадарци, Велес, Охрид, Тетово и Неготино.

Во овие градови со одредени количини на влезници ќе бидат задолжени Општинските Фудбалски Сојузи. Цената на влезниците за Јужната и Северната трибина изнесува 200 денари.

ohridnews