Раперот Пи Диди е познат по своите луди забави на кои познатите личности од светскиот џет сет се редовни гости. Една таква забава ќе се одржи во вилата на Плејбој по доделувањето на наградите Греми, а цената на влезниците достигнала неверојатно 50 илјади долари. Шон Комбс, познат како Пи Диди ќе биде домаќин на многу познати личности кои имаат подлабок џеб.
Почетната цена на влезниците за настанот изнесувала 1500 долари, а во зависност од услугите можела да достигне и 50 илјади долари. За таа сума гостите ќе добијат вечера, пристап до барот, личен келнер и две сепареа за дваесет гости. Познатиот рапер парите ќе ги донира во добротворни цели и тоа за помош на децата заболени од сида.