Локалната администрација од денеска воведе нов куќен ред за влез во општинската зграда.

Според новите правила за чие спроведување се грижи обезбедувањето на „Секуриком“, при влез во зградата на општината граѓаните се должни на пријавницата да покажат лична исправа.

Ваквата практика  е воведена и заради поголем ред во ходниците на зградата каде се сместени подрачните единици на неколку министерства, а бројни граѓани во улога на нечија  придружба создаваат хаотична атмосфера која негативно се одразува на нормалното и непречено  работење на службите, велат од локалната самоуправа.

Според неа ваквата мерка не ја попречува нормалната комуникација со граѓаните кои имаат потреби од административни услуги бидејки новоотворениот Центар за услуги на граѓаните има посебен влез.

Според локалната, ваков куќен ред се применува во други општини, државни институции и јавни установи.

Ohridnews