Еден деветесет и едногодишен американец притиснал на погрешната педала и автомобилот влетал во излогот на еден ресторан, а потоа ладнокрвно нарачал кајгана. Кога влетал изгледало како да експлодирала бомба. Ресторанот бил полн, но за среќа никој не седел на масите крај излогот.


Чарлс Прајс, кој пред инцидентот ја одвел сопругата на фризер ја погрешил педалата кога сакал да паркира крај ресторанот. Смирено проверил дали има повредени, по што седнал и нарачал доручек. Полицијата го извлекла автомобилот, а штетата била проценета на 25 илјади долари. Чарлс ќе мора да оди на суд поради невнимателно возење. Во САД не постои старосна граница за поседување возачка дозвола.