Вчера вечер околу 22.00 часот на граничниот премин „Ќафасан“, на излез од Македонија, при пасошка контрола било констатирано дека 24-годишен државјанин на Албанија нема влез во нашата земја, односно последен влез остварил во 2016 година.
Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Франгово“ за понатамошна постапка, информира МВР.
Рано утрово, пак, околу 04.10 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека едно лице со употреба на тврд предмет го скршило стаклото од излогот на продажен објект на ул. „Маршал Тито“ во Струга и одзело производи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.
OhridNews
Анкета: Каде ќе ја дочекате Новата година?
(Гласај најдолу на порталот)