Тешки телесни повреди си нанел еден човек кој пред неколку дена влегол во еден ресторан во Лондон и си го отсекол половиот орган. Неименуваниот човек во неделата влетал во лондонскиот ресторан и се обидел да влезе во кујната. Иако вработените се обиделе да го сопрат, тој сепак некако се пробил, го зел ножот и успеал во својата намера.
Од полицијата се дознава дека човекот е стар помеѓу 30 и 40 години и е потврдено дека самиот си ги нанел повредите. Освен него, во инцидентот не е повреден никој друг, а човекот нема никаква врска со ресторанот во кој влегол и си го отсекол половиот орган.