Три момчиња смеејќи се упаднале потполно голи на бензинска пумпа недалеку од Девон во Велика Британија. Прелистувале порно списанија додека збунето ги гледале неколку муштерии и 22-годишната работничка. Еден купувач ги фотографирал со својот мобилен телефон.


Шокираната работничка им рекла да одат да се облечат или нема да ги послужи. Тие после тоа отшетале низ бензинската, се вратиле во своето возило и заминале. Се претпоставува дека момчињата се шетале голи поради опклада. Но од полицијата изјавиле дека доколку успеат да ги идентификуваат ќе ги пријават.