Кинескиот мајстор за боречки вештини со очните капаци пет метри влечел авион тежок 560 килограми. Донг Чангшенг ги восхитил посетителите на центарот за егзибиции во Чангчун. Му било потребно помалку од половина минута да го одвлече авионот.


Вели дека претходно влечел автомобили, а со авион му било прв пат. Тој веќе 40 години тренира Кунг Фу. Додал дека не ја употребил целата своја сила и дека авионот можел да го влечи уште 10 метри. Изјавил и дека ова е многу опасно за другите луѓе и ги посоветувал да не се обидуваат да го сторат истото.