По суспензијата на теренот во Струга, Влазними своите натпревари како домаќин ќе ги игра во Прилеп на стадионот “Гоце Делчев“.


По прекинот на мечот против Беласица и физичкиот напад на главниот судија Стефков, ФФМ го суспендираше теренот во Струга, и одреди сружани како домаќини да играат 100 км подалеку од Струга.

Дисциплинската комисија приф ФФМ се уште нема донесено одлука колку натпревари ќе биде суспендиран теренот на Влазними.

Влазними кој со девет освоени бода се наоѓа на претпоследната позиција на табелата, во последните две кола од есенскиот дел како домаќини треба да играат со Еуромилк и 11 Октомври.

OhridNews