Македонија денеска ќе се најде под влијание на влажна воздушна маса од Медитеранот, која ќе донесе нови врнежи од дожд.

Метеоролозите за денес најавуваат обилни врнежи, можна појава на грмежи и температура до 17 степени. На места врнежите ќе бидат пообилни, каде се очекува да наврнат и над
30 л/м2.

Дожд ќе има утре, а од среда врнежите ќе се со послаб интензитет.

Од петок следува период на стабилно и студено време.

OhridNews