Можност да се избега од дното е саботниот натпреварот на “Билјанини Извори“ за Охрид кој во рамките на 11 коло  го пречекува Влазерими. Охриѓани со 3 бода се последно пласирани на табела, но ништо подобар не е ниту кичевскиот второлигаш кој на своето конто има само пет бода.


 – Очекувам победа против Влазерими како награда за овај минат период во кој доста макотрпно работевме. Имеме подем во играта, добро одигравме на гостувањата против Беласица и Дрита, не поминавме резултатски најдобро но она што ме радува е пристапот кон играта и се надевам дека ќе го скршиме мразот против Влазерими и конечно работите ќе тргнат во нагорна линија – ни рече стратегот на Охрид, Гоце Маркоски.


До крајот на првиот дел од првенстово има уште три кола. По мечот в сабота следува пауза во првенството, а во последните две кола, Охрид гостува кај Миравци и ја пречекува Шкендија.

М.П.