Голгетерот на францускиот Чамбли, Влатко Стојановски ќе биде еден од адутите во нападот на селекторот Игор Ангеловски во бараж средбата со Косово од плејофот во Лигата на Нации. 23-годишниот фудбалер подготвен е да одговори на предизвикот и свесен е што значи мечот со Косово и целиот плејоф.

Од нас фудбалерите може да очекувате дека ќе го дадеме максимумот. Сите знаеме што значи овој натпревар, како за нас, така и за целата држава. Мислам дека ќе биде тешка средба, ама се надевам дека ќе го победиме Косово. – изјави Стојановски.

Изјава – Влатко Стојановски

Влатко Стојановски: „Од нас фудбалерите може да очекувате дека ќе го дадеме максимумот. Сите знаеме што значи овој натпревар, како за нас, така и за целата држава. Мислам дека ќе биде тешка средба, ама се надевам дека ќе го победиме Косово…“#НапредМакедонија | #СегаЕНашеВреме | #МКД | #EURO2020

Posted by Фудбалска Репрезентација на Македонија on Monday, October 5, 2020

Натпреварот со Косово се игра на 8 октомври на Националната арена „Тодор Проевски“. Мечот поради кризата предизвикана од вирусот ковид -19 се игра без публика.

 

OhridNews