– Во Пештани во изминатите денови се спроведени голем број активности насочени кон превенција и заштита на граѓаните, а селото го посетија премиерот, министри и претставници на надлежните институции вклучени во Коорднинативното тело за справување со елементарни непогоди, со цел да се изврши увид на лице место и да се преземат потребните мерки за заштита, стои меѓу другото во реакцијата на Министерството за транспорт и врски.
Реагираше и пратеничката Анита Кипаризовска Крстеска, според која СДСМ и градоначалникот на Охрид не водат грижа за граѓаните.
– СДСМ сака да профитира од маката на граѓаните. Градоначалникот на Охрид Александар Петрески ја остави општината и граѓаните на Охрид и замина во посета на Австралија, да посетува фудбалски натпревари и кафе барови, а со себе ги понесе и своите бизнис партнери – истакна Кипаризовска – Крстеска.
СДСМ возврати на обвинувањата со писмена реакција, во која се наведува дека Црвенковски го направил тоа што треба да го направи секој сериозен политичар што се грижи за граѓаните.
– Бранко Црвенковски ги посети поплавените и сами жители кои сами мака мачат да се спасат од поплавите, кои ги предизвика одлуката на Груевски и Чинговски да прават криминал со увоз на струја во ЕЛЕМ и заради тоа да не го испуштат Охридското Езеро. Црвенковски беше срдечно примен од огромен број на жители на Пештани, за разлика од Никола Груевски, кој беше во Пештани во 15 минути после полноќ и не се сретна со никој и кој беше опкружен со тројца и тоа своите телохранители, се вели во реакцијата на СДСМ.