Денеска завршува Четвртиот македонско-руски научен собир што го организираат академиите на науки и уметности од Македонија и Русија.
За “Учеството на Русите во НОАВМ (1941 – 1944) ќе реферира Симо Младеновски. Растислав Терзиоски ќе излага “Едно сведоштво за учеството на руските воени единици на Македонскиот фронт од 1916 до 1918 година, а за Македонскиот фронт низ руската документација ќе говори Александар Трајановски.
Академската средба во Охрид ќе ги опфати и дејностите на две значајни личности во историите на двете земји. Излагање за дејноста на Димитар Влахов во Советскиот сојуз ќе има Владо Ивановски, а за антифашистичката дејност на Костадин Лагадинов ќе зборува Васил Јотевски. За историјата, политиката, економските односи и културата во периодот од Првата светска војна до формирањето на современата македонска државност ќе говорат повеќе руски академици.
Излагањата изнесени на научната средба во Охрид ќе бидат публикувани во Зборник.
Ohridnews