Државната изборна комисија го верификува неговиот мандат откако носителот на листата од Коалицијата “За подобра Македонија”, Антонио Милошоски е повлечен на министерска функција.
– Владо Стефаноски и натаму останува на кормилото на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Доколку партијата не одлучи поинаку, тој ќе ја обавува функцијата претседател на комитетот и ќе ја води партијата во нови успеси и победи, изјави Наташа Спасеска, раководител на Центарот за комуникации и портпарол на партијата.
Спасеска појасни дека Охрид во овој парламентарен состав има 4 пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
– Ова за нас претставува огромен успех, но истовремено и голема одговорност за довербата која ја добивме од граѓаните и која ќе ја оправдаме, додаде Спасеска.