Тимот на соработници на градоначалникот Александар Петрески е засилен со ангажирањето на екс-претседателот на Советот на општината, Владо Чингоски.

Чингоски, кој е дипломиран правник а се занимаваше со адвокатура, од денес започна да ги извршува работните задачи, согласно Решението на градоначалникот,  како „советник на градоначалникот за правни и административни работи и координација со Советот на општината“, соопшти локалната самоуправа.

Ohridnews