Владин тим предводен од вицепремиерот Зоран Ставрески, претстaвници од министерствата, агенциите и државни службеници од редовите на ВМРО ДПМНЕ синоќа реферираа пред охриѓани. Во склоп на програмата на владата спаѓа и отчетот пред граѓаните за сработеното и запознавање со локалните проблеми, истакна вицепремиерот Ставрески на трибината што ја организираше ОК ВМРО ДПМНЕ – Охрид. Тој ги презентираше владините приоритети на внатрешен и надворешен план при што истакна 2008 година ќе биде година во која ќе се почувствуваат ефектите од реформите и економскиот пораст, што според него ќе придонесе за намалување на невработеноста.
Ставрески на отчет пред охриѓани
На надворешен план приоритет се евроатлантските интеграции, рече Ставрески кој не сакаше јавно да го коментира најновиот предлог на медијаторот Метју Нимиц, во меѓународната комуникација земјава да се ословува со Република Македонија (Скопје). „Сметам дека не е продуктивно во оваа сензибилна фаза да давам такви изјави бидејќи постои овластен тим кој што работи на овие прашања и би се воздржал од коментари бидејќи процесот е во многу чувствителна фаза“, рече Ставрески.
Во преполната сала на Центарот за култура владиниот тим ги ислуша проблемите на охриѓани кои главно се однесуваа на социјалата и економијата и ги соопшти проектите за подобрување на животот на граѓаните во охридскиот регион.
ohridnews