Дали има некакво решение и што конкретно се раговара на средбите не се соопштува. Министерот за образование Перо Стојановско одговарајќи на новинарско прашање вчера, рече дека би бил среќен да се дојде до решение но не кажа дали се разговара за воведување јазични смени.
По неколкучасовните ненајавени разговори во хотелот „Дрим“, владините претставници синоќа ги избегнаа медиумите. Нова рунда разговори се најавени за денеска со цел, како што е најавено од понеделник да се нормализира наставата во струшкиот средношколски центар.