Министерот за финансии Трајко Славевски денес и утре  ќе престојува во работна посета на Охрид. Славевски денеска ќе присуствува на отворањето на 8-та меѓународна конференција на Македонската берза за хартии од вредност што се одржува во хотелот Метропол.

Министерот за финансии ќе ги посети подрачната единица на Управата за јавни приходи-Охрид, и ЕМО, а утре тој ќе оствари средба со граѓаните на Охрид и ќе врачи повеќе решенија за денационализација.

Во Охрид денеска ќе престојуваат и заменик министерот Соња Лепиткова и државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Дејан Паноски. Тие ќе се сретнат со жителите од крајезерските населби Пештани, Трпејца и Љубаништа.


Соња Лепиткова

Г.М.