Вицепремиерите Зоран Ставрески и  Абдулаким Адеми, министерот за образование и наука Перо Стојановски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, денеска во Струга ќе остварат средба со градоначлникот Рамиз Мерко и претставници на локалната самоуправа и средните училишта, со цел изнаоѓање решение за меѓуетничките тензии во општинското средно училиште „Нико Нестор“

Пред средбата градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, истакна дека очекува владините претставници да помогнат во изнаоѓање брзо решение за проблемот кој предизвика етнички поделби меѓу учениците. Мерко смета дека соживотот во Струга не е нарушен и дека меѓуетничките односи се добри. Тој уште еднаш јавно истакна дека локалната самоуправа е против воведување на етнички смени во училиштата, став кој тој ќе го пренесе на средбата со владините претставници.

Ohridnews