Заменик претседателот на владата, Бујар Османи и заменик министерот за здравство, Арменд Арслани, попладнево се во посета на струшкиот регион каде ќе остварат средби со локалната власт и претставници од здравствените установи со цел координација во насока на спречување на ширењето на коронавирусот.
Заклучно вчерашниот ден, во општина Струга се регистрирани вкупно 24 заболени од коронавирусот, а бројот на смртни случаи се искачи на пет. За време на викендот починаа две лица од струшко позитивни на коронавирус. Вчера, на клиниката за Инфективни болести почина маж на возраст од 63-години, а во саботата 71-годишна жена, и двајцата од струшкото село Лабуништа.
Како што најави министерот за здравство Венко Филипче денес од страна на надлежните ќе се разгледува можноста за зајакнување на мерките за спречување на ширењето на вирусот, со оглед дека земјава влегува во втората фаза на епидемијата при што се очекува и поголем број на заболени.
OhridNews