Вице-премиерот за економија во Владата на Република Македонија, Зоран Ставревски и министерот за правда, Михајло Маневски денеска се во работна посета на Охрид.

Вицепремиерот Ставревски ќе ги посети Охридска банка, како и фирмите ЕМО и СЛОВИН ТЕМ-ХЕМ, а во 15 часот ќе оствари средба со граѓаните во охридската чаршија.

Министерот за правда на Република Македонија, Михајло Маневски, ќе ги посети Основниот суд, Локалната самоуправа и Подрачната единица на министерството за правда, а ќе се сретне и со граѓаните од Љубаништа и Пештани.

А. Р.