Истрагата за авионската несреќа што вчера се случи во Скребатно продолжи и денеска. На местото на несреќата увид изврши владина комисија, а остатоците од авионот со специјално возило ќе бидат пренесени во Скопје на вештачење.
Членовите на комисијата ни изјавија дека во моментов не можат да соопштат детали од истрагата бидејќи сеуште се анализират причините за несреќата. Тие денеска разговараа со очевидци и прибираа докази на местото каде вчера се урна авионот CESSNA во кој животот го загубија 4 лица.
Истражниот судија Весна Кичеец, во телефонски разговор ни изјави дека по нејзина наредба е извршена обдукција врз телото на пилотот на авионот, но вели дека официјалните резултати од истата ќе бидат познати за неколку дена. Неофицијално, како што пренесе и националната МТВ пилотот немал здравствени проблеми при летот.
На градските гробишта денеска ќе бидат погребани телата надвајца од тројцата загинати. Семејствата на загинатите се во болка и тага и не сакаа да контактираат со медиумите.