Владимир Четкар периодов интензивно работи на продукцијата на неговиот нов студиски албум и набрзо заминува за САД каде што ќе започне со снимањата на материјалите во неколку студија во Чикаго и Њујорк.

На овој aлбум како и на предходните Четкар ќе се потпише како комплетен автор, композитор, аранжер, продуцент, диригент, гитарист вокалист и текстописец а ќе биде сниман во целост со живи инструменти односно со ритам, дувачки и гудачки секции.

Паралелно со снимањата и продукцијата на албумот, Четкар ќе одржи неколку концерти во Америка и тоа во Њујорк на 3 jуни, Кливленд на 10 jуни и Детроит на 16 jуни, а ова ќе бидат воедно и неговите први настапи во САД оваа година кои доаѓаат после неговата распродадена есенска турнеја минатата година.

OhridNews