Во декември започнува есенско-зимската турнеја на Владимир Четкар во САД на која ќе се претстави со својата авторска музика во некој од најпрестижните американски музички клубови.
Набрзо Четкар патува за Њујорк каде на 6-ти декември ќе одржи концерт во музичкиот клуб Chelsea Table and Stage.
На 13-ти декември турнејата продолжува во Детроит во џез клубот Aretha’s Jazz Cafe at the Music Hall, а наредниот ден, 14-ти декември тој ќе одржи концерт во BOP STOP во Кливленд.
На 27-ми декември Четкар ќе настапи во градот Колумбус во Natalie’s Grandview, а на 8-ми декември во Сан Франциско во џез клубот Black Cat. Турнејата на Четкар ќе заврши во Чикаго на 10-ти јануари со настап во Skadarliya.p
Македонскиот композитор, аранжер, продуцент, гитарист и вокалист неодамна го издаде својот најнов авторски студиски албум ‘Let Us Be’ ексклузивно во Јапонија преку познатата Јапонска музичка куќа P-Vine Records и се здоби со извонредни критики и радио поддршка ширум Јапонија. За брзо овој албум ќе се издаде и надвор од Јапонија, насекаде во светот, а паралелно со неговото издавањето ќе се издадат и ремикси од авторски композиции на Четкар сработени од светски познати ди-џеј продуценти.
Четкар е единствениот македонски музички автор и изведувач кој својата музика редовно ја издава и продава во Јапонија и Јужна Кореја преку некој од најголемите тамошни музички куќи.
OhridNews