Владимир Четкар ја продолжува блескавата турнеја низ САД.
По Кливленд, Њујорк, Колумбус и Сан Франциско, распродаден е и концертот на Четкар во Детроит.
На оваа турнеја за која владееше голем интерес, накедонскиот комплетен автор и изведувач настапи во некој од најпознатите џез клубови во САД како BOB STOP at the Music Settlement, Natalie’s Grandview, Aretha’s Jazz Cafe, Black Cat Jazz Club… , информира тимот на Владимир Четкар.
Паралелно со турнејата Четкар го снима и својот нов албум во неколку студија во Чикаго, Милвоки и Њујорк. Се очекува тој наскоро да промовира уште еден нов сингл по ‘A New Day’ кој го издаде неодамна.
Г.М.